Утрински Весник
Македонија

Османи – Петжичек: Патот до ЕУ треба да биде преку прогрес, а билатералните спорови да не бидат пречка

Османи – Петжичек: Патот до ЕУ треба да биде преку прогрес, а билатералните спорови да не бидат пречка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше телефонски разговор со неговиот хомолог од Република Чешка, министерот Томаш Петжичек.

Главниот акцент во разговорите на Османи и Петжичек беа следните чекори на европскиот пат на нашата земја, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, на состанокот стана збор и за севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на регионалните, а пред се на добрососедските односи.

„ Поддршката на Чешка е гласна и принципиелна. Се согласивме дека патот до ЕУ треба да биде преку прогрес, а билатералните спорови не треба да бидат пречка, туку причина плус за европската интеграцијата“, истакна Османи.

Министрите Османи и Петжичек се осврнаа и на билатералната соработка, а беше нагласена и потребата за поголема динамика во меѓусебните економски и трговски односи.

Денешната средба меѓу Османи и Петжичек доаѓа два месеци по нивната средба во Прага, во рамките на дипломатската турнеја на министерот Османи низ земјите-членки на Европската Унија и неговите напори преку континуиран политички дијалог и соработка да го афирмира прогресот на земјата и потребата од ефектуирање на мартовската одлука за старт на преговорите со ЕУ.

.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Западнонилската треска однесе уште еден живот во Македонија – бројот на починати се искачи на 12

Жена со нож се обидела да одземе пари од младо момче во Скопје

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје