Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Османи на вонреден состанок на НАТО посветен на руското воено групирање околу Украина

Османи на вонреден состанок на НАТО посветен на руското воено групирање околу Украина
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска учествуваше на вонредниот состанок на НАТО алијансата на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа преку видео-конференциска врска.

Како што информираат од МНР, состанокот бил посветен на руското воено групирање околу границата со Украина, како и на други прашања поврзани со европската безбедност.

„Вонредниот состанок се одржа во пресрет на закажаниот НАТО-Русија Совет и другите состаноци во различни формати, со цел деескалација на кризата и изнаоѓање решение преку невоени, првенствено дипломатски начини на комуникација“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Во него се додава дека Османи на состанокот ја повторил поддршката на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и изразил очекување за мирно решавање на ситуацијата во и околу оваа земја.

„Министерот ја подвлече важноста на единството и кохезијата меѓу сојузниците, како силна алатка за зачувување на мирот и стабилноста, но и на блиската соработка со ЕУ и другите земји партнери“, стои во соопштението на МНР.

Можете да прочитате

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

Мицкоски: СДСМ се бори само за бизниси и тендери