Утрински Весник
Македонија

Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на ЕУ, за продолжување на нашите европски интеграции

300x250 (7)

„Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции“.

Ова меѓудругото попладнево на својот Фејсбук профил го објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

300x250 (7)

Бројните денешни консултации, според него минуваат во позитивна атмосфера, во која, како што посочува, францускиот предлог детално се анализира.

„Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори:

– Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка.

– Протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка.

– Одобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!

– Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции.

– Процесот на консултации продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука“ стои во објавата на Фејсбук на Османи.

 

Ss1

Можете да прочитате

НАЈАВА ЗА НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД: Во следните 12 часа нови обилни врнежи во Македонија – Се очекува да наврнат нови над 30 литри на метар крвадратен воден талог

МВР,  ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори

Спасовски: Изборот на граѓаните е меѓу надеж и безнадежност, меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација