Утрински Весник
Македонија

Османи: Како партија на власт ни одговараат избори што порано, но не прејудицираме кога да се одржат

Османи: Како партија на власт ни одговараат избори што порано, но не прејудицираме кога да се одржат

Скопје, 11мај 2020 (МИА) – Реално, како партија на власт, ни одговараат избори што порано, но не прејудицираме кога да се одржат. Треба да се имаат сите аспекти предвид и евентуалниот втор пик во септември, па да се донесе вистинска одлука за терминот на одржувањето на изборите иако некои сакаат тоа да се случи во прозорецот меѓу двата пика. Најважно за нас е изборниот процес да не создаде ситуација ни еден да се разболи, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Како ДУИ се обидувавме воопшто да не ја спомнуваме темата за избори, бидејќи од старт луѓето мислат дека е се завршено со мерките за справување со коронавирусот и се олабавуваат. Ние сме за избори во било кој термин, кога Комисијата за заразни болести ќе излезе со став дека изборите нема да го загрозат здравјето на граѓаните и кога ОБСЕ ќе потрврди дека ќе има меѓународни набљудувачи. Нека каже Комисијата кога е поминат ризикот, рече Османи во Отвореното студио на ТВ24.

Нагласи дека бил во Институтот за јавно здравје каде разговарал со Комисијата и додаде дека нивниот став е дека во овој прериод доколку се одржат изборите ќе треба да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот како што се носење маска и ракавици и одржување дистанца.

-Ние треба политички да кажеме дали е во ред да се одржат избори во такви услови. Сепак, велам утре на лидерската средба ќе решиме што ќе правиме. Избори во септември и октомври и одговараат на опозицијата, а за Владата е подобро да има во јуни или јули, бидејќи има согледувања дека во летните месеци луѓето се порасположени да гласаат за власта. Во август одат на одмори и никој нема да биде тука да гласа. Во јуни или јули може да има избори, рече Османи.

Според него, ако нема продолжување на вонредната состојба по 16 мај има различни толкувања за тајмингот на изборите, но тоа, како што вели, е прашање на правниците.

-Сметам дека сега е премногу рано тоа да не дефокусира, потенцира Османи. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме