Утрински Весник
Македонија

Османи и бугарскиот колега на втора средба во Анталија: Комуникацијата е интензивна на сите нивоа

Османи и бугарскиот колега на втора средба во Анталија: Комуникацијата е интензивна на сите нивоа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари нова средба со министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, на маргините на Самитот и Анталија форумот во Турција.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата уште еднаш биле отворени модалитетите и начините за надминување на разликите кои доведоа до блокада од страна на Бугарија, за европските интеграции на Северна Македонија.

Министрите ги реафирмирале заложбите за интензивна комуникација на сите нивоа, со цел надминување на разликите и овозможување на формално започнување на преговорите за членство, што претставува заедничка цел, било истакнато на состанокот.

„Сериозно остануваме посветени на напорите за изнаоѓање на решение за застојот, кој ќе овозможи одржување на Првата меѓувладина конференција со ЕУ“, нагласил Османи по состанокот.

Средбата Османи-Стоев е втора последните два дена во Анталија, меѓу кои се одржа и посета и билатерални средби на висока владина делегација од Северна Македонија на Софија, со државниот и политички врв на Бугарија.

Можете да прочитате

Ќе има затворски казни за неточни информации што ја загрозуваат стабилноста на банките

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка