Утрински Весник
Македонија

Османи во посета на Австрија, евроинтеграцијата во фокусот на средбите

Во Брисел ќе биде презентирана студијата за одржлив развој на земјава

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Австрија каде што ќе се сретне со новата австриска министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

Османи ќе има средба и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на премиерот Себастијан Курц, како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар во Министерство за надворешни работи.

Планирана е и посета на Долниот Дом при австрискиот Парламент, каде е предвидена средба со пратеници – претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на земјава во пресрет на пролетните самити на ЕУ, како и поддршката што Австрија и ја дава на земјава и регионот.

Посетата на вицепремиерот Османи на Австрија е дел од засилената дипломатска и државна активност, во пресрет на пролетните самити на Европската Унија. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има, вели Талески

СДСМ: Апсењето на Нацев е задоцнето, со жртвено јагне ВМРО-ДПМНЕ сака да ги спаси актуелните функционери 

Поставени електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во Шар Планина