Утрински Весник
Македонија

Османи во Букурешт на средба со Чука

Османи во Букурешт на средба со Чука

На самиот почеток на работната посета на Романија, утрово министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со премиерот на земјата, Николае Чука. Османи го запозна соговорникот со актуелните ангажмани и напори на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на европските реформски напори, за посветеноста за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.

„Без разлика на актуелните предизвици, не сакаме да изгубиме ниту еден ден во приближување на земјата до европските стандарди. Унапредувањето на добрососедските односи се секако еден од клучните приоритет на Северна Македонија, како модел кој единствено гарантира стабилност и просперитет за целиот регион“, истакна Османи.

Премиерот Чука изрази задоволство од напредокот и ентузијазмот на Северна Македонија во контекст на европските интеграции, посочувајќи дека напредокот на земјата кон ЕУ ќе придонесе за мирен, безбеден и просперитетен Балкан, што преставува силна гаранција за стабилноста и на поширокото соседство на Балканот, како и воопшто за стабилноста на Европа.

На средбата стана збор и за актуелните внатрешно-политички случувања во двете земји, за регионални и глобални прашања и за различни видови на соработка кои ќе ја засилат билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Романија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ