Утрински Весник
Македонија

Османи во Брисел на Северноатлантскиот совет на НАТО

Османи во Брисел на Северноатлантскиот совет на НАТО

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска и утре, ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што по пауза од една година поради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на алијансата.

Дискусијата на состанокот е предвидено да вклучи прашања од приоритетен интерес за НАТО, како што се состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност.

Министрите за надворешни работи ќе се осврнат и на развојот на агендата во врска со „НАТО 2030“, се очекува да дадат свои коментари и сугестии во однос на идната геостратешка улога на алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, како и да одобрат неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија.

Министерот Османи ќе биде прв политички претставник од земјава, кој физички ќе присуствува на состанок на Северноатлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО во март минатата година, што ќе биде искористено да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО и партнерите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето