Утрински Весник
Македонија

Османи во Анталија на состанок со шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ

Османи на нова европска турнеја во посета на Берлин, Копенхаген и Стокхолм

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе престојува во Анталија, за да учествува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Османи, во рамките на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со домаќинот, министерот на Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со министерот за надворешни работи во техничката Влада на Бугарија, Светлан Стоев.

Министрите, во рамките на овој регионален формат ќе дискутираат на тема: “Соседите од Југоисточна Европа заедно: Иднината на Европа”. Истовремено, како дел од агендата ќе биде и изнаоѓањето на нови начини за зацврстување на соработката помеѓу земјите на ПСЈИЕ и регионот, справување со последиците од пандемијата предизвикана од КОВИД-19, унапредување на регионалната кохезија преку јакнење на политичката и економската соработка, како и кон демократијата, владеењето на правото, слободната пазарна економија и почитувањето на фундаменталните човекови права како основни Европски вредности кои остануваат во фокусот на сите земји членки на ПСЈИЕ.

Можете да прочитате

Патиштата се проодни – но надлежните будно ја следат ситуацијата

Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење

СДСМ: Враќање во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, медиумски мрак и хајки