Утрински Весник
Македонија

Османи: Велигден преставува симбол на надежта, заедно да ја победиме заканата од КОВИД-19

Османи: Велигден преставува симбол на надежта, заедно да ја победиме заканата од КОВИД-19

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи преку видео порака на сите православни граѓани на Република Северна Македонија, им го честита празникот Велигден.

Во своето обраќања Османи, истакнува дека Велигден преставува симбол на солидарноста, добрината и пред се на надежта.

– Интересирајќи се за важноста на овој празник впечаток ми остави вербата во силата на животот да ја победи смртта како универзална вредност за моќта на надежта и победата на доброто врз злото. Денес кога пандемијата КОВИД-19 преставува закана за нашите животи победата на животот над смртта преставува убава порака за охрабрување која ни влева надеж, дека заеднички ќе ја издржиме оваа криза, и заедно ќе ја победиме оваа закана, рече Османи.

Воедно, тој празникот им го честита на православните сограѓани, Македонци и Албанци, и сите кои што слават денеска Велигден, додавајќи нека вредностите на солидарност, добрина и надеж кој ги симболизра овој празник, во име на заедништвото, ги посакува за сите. оџ/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран