Утрински Весник
Македонија

Османи-Вархељ: Постои замор од постојаното одложување, потребни се храбри одлуки

Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, кој е во работна посета на Скопје.

Во фокусот на разговорите беше европското досие на нашата држава, во пресрет на јунските совети и очекувањата за нужен исчекор во поглед на отпочнувањето на пристапните преговори, особено во дадениот момент.

Соговорниците се согласија дека новите геополитички околности налагаат потврдување на политиката на проширувањето како геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економска благосостојба на целиот европски континент.

„Северна Македонија досега покажа исклучително ниво на посветеност за напредокот на земјата на нејзиниот пат кон Европската Унија. Дополнително, постигнавме 100% ниво на усогласување на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата. Време е и Европската Унија да пружи рака кон државите од Западен Балкан и јасно да демонстрира дека иднината на регионот е европска. Регионот е сѐ повеќе уморен од чекање, со што страда кредибилитетот на Европската унија“, порача Османи.

На средбата стана збор и за напорите во надминувањето на разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија, како приоритет да се одблокира нашиот пат кон ЕУ.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!