Утрински Весник
Македонија

Османи-Бурита: Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Маракеш, Мароко и учеството на министерскиот состанок на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС имаше средба и со домаќинот мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита.

Во фокусот на средбата беше соработката во рамки на ОБСЕ Групата на медитерански партнери за соработка – со која оваа година претседава Северна Македонија.

Министерот Османи на средбата укажа дека Мароко претставува ценет и значаен медитерански партнер, со простор и можности за унапредување на медитеранското партнерство во рамки на ОБСЕ.

Беа разменети мислења и за заедничкото справување со безбедносните предизвици, почнувајќи од тероризмот, насилниот екстремизам до други транснационални закани, климатски промени и пошироките стратешки предизвици.

Можете да прочитате

ВМР-ДПМНЕ: СДСМ со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста

СДСМ: Кој друг од власта е вмешан во новиот корупциски скандал во земјоделието?

Полициските пресретнувачи на терен – „падна“ првата казна во Штип