Утрински Весник
Магазин

„Оскарите“ 2021 ќе бидат емитувани во живо, не виртуелно

„Оскарите“ 2021 ќе бидат емитувани во живо, не виртуелно
Ss2

Церемонијата на доделување „Оскари“ во 2021 година нема да биде виртуелен настан и ќе се организира традиционално како телекаст или телевизиски пренос во живо, објави „Варајети“.

Академијата за филмска уметност и наука ја одложи 73. церемонија на доделувањето на Оскарите за 25 април 2021 година, така што киносалите повторно ќе бидат отворени на пролет, што ќе овозможи повеќе филмови да се натпреваруваат на наградите, се наведува во извештајот.

„Телевизиското емитување на Оскарите ќе се случи“, објави „Варајети“ во вторникот, повикувајќи се на претставник на Академијата.

Церемонијата традиционално се одржува во театарот Долби во Лос Анџелес. Но, заради пандемијата на коронавирусот, не се знае бројот на луѓе на кои ќе им биде дозволено да присуствуваат во театарот со 3.400 седишта.

„Академијата направи прошетка низ Долби неодамна за да земе предвид повеќе опции “, додава истиот извор, цитирајќи публицист на наградите запознат со ситуацијата.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии