Утрински Весник
Спорт

Осимен: Во Нигерија чистев олуци, благодарен сум за тоа каде стигнав

Осимен: Во Нигерија чистев олуци, благодарен сум за тоа каде стигнав
Ss2

Ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен во интервју со неговиот сонародник Пол Труст-Еконг на Јутјуб зборуваше за својот пат во професионалниот фудбал, признавајќи дека бил на „дното“ во Нигерија пред да почне со фудбалот.

Нигериецот во 2020 дојде во Наполи од Лил за 70 милиони евра со што стана најскапиот африкански фудбалер во историјата.

300x250 (7)

„Тоа почна како сон, детски сон. Сакав да бидам професионалец инспириран од легенди како Дидие Дрогба, Одион Игало и Микел Оби. Мислам дека успеав во тоа, и тоа е едно од моите најголеми остварувања во животот. Кога растев чистев олуци за 20 наири (околу 2 центи) и чистев по станови и канцеларии, носев вода… Работев напорно и тие пари беа важни за мене и за моето семејство. Мојот брат продаваше весници, мојата сестра портокали. Тие работи ми помогнаа во животот и затоа сум благодарен за тоа каде сум сега, поради работите кои ме направија посилен“, вели 22-годишниот Нигериец.

Тој се пресели во Европа во 2017, кога Волфсбург потпишаа договор со него, а потоа играше во Белгија (Шарлроа) и Франција (Лил). Минатата сезона тој постигна 10 гола во 24 настапи во Серија А, а оваа сезона има фантастичен старт со 7 гола во 8 меча во сите натпреварувања.

> Осимен: Во Нигерија чистев олуци, благодарен сум за тоа каде стигнав <

Ss1

Можете да прочитате

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО