Утрински Весник
Спорт

Осака со 22 победи во низа, Нори го исфрли Димитров

Осака со 22 победи во низа, Нори го исфрли Димитров

Втората носителка Наоми Осака ја забележи својата 22. победа едноподруго, совладувајќи ја Ајла Томљановиќ со 7:6(3)/6:4 во второто коло на Мајами опен.

Осака имаше 13 аса против Томљановиќ и нема загубено повеќе од една година – нејзината победничка низа ја вклучува и нејзината четврта гренд слем титула во кариерата на Австралија опен минатиот месец.

Кај мажите, првиот носител, Русинот Данил Медведев за помалку од еден час со 6:2/6:2 го збриша 37-годишниот тајвански ветеран Јен-Хсун Лу, но три носители загубија рано – Давид Гофан (8), Григор Димитров (8) и Рајли Опелка (30).

Гофан, полуфиналистот од 2016 загуби од Џејмс Дакворт, Димитров со 7:5/7:5 беше поразен од Британецот Камерон Нори, додека Опелка загуби од Австралиецот Алексеј Попирин.

> Осака со 22 победи во низа, Нори го исфрли Димитров <

Можете да прочитате

Почина Душко Вујошевиќ – 24info.mk

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп