Утрински Весник
Спорт

Организаторот на летот на Сала признал дел од вината

Организаторот на летот на Сала признал дел од вината

Човекот кој е обвинет дека го организирал летот во кој загина аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала во 2019 година, прифатил само дел од обвинувањата.

Дејвид Хендерсон, признал дека се обидел да го организира летот на патникот без валидна дозвола, но ги негирал обвинувањата дека со тоа ја загрозил безбедноста на леталото.

Авионот во кој беа 28-годишниот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон (59), се урна во Ла Манш, во јануари 2019 година. Телото на Сала беше пронајденот наредниот месец, додека телото на пилотот не е најдено.

На Хендерсон (67), сега ќе му се суди по посебно обвинение, подигнато од страна на Управата за цивилно воздухопловство. Тој е обвинет дека ја загрозил безбедноста на леталото и дека работел без дозвола.

На рочиштето во октомври 2020 година, беше кажано дека на пилотот Иботсон, дозволата за комерцијално управување со авион му истекла во ноември 2018 година.

Се очекува судењето на Хендерсон да трае 10 дена.

> Организаторот на летот на Сала признал дел од вината <

Можете да прочитате

Пикси објави изненадувачки спсок со кои Србија ќе игра на ЕП

Фоден избран за играч на сезоната во Премиер лигата

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал