Утрински Весник
Свет

Орбан: Нема источни и западни вакцини, само добри и лоши

Орбан: Нема источни и западни вакцини, само добри и лоши

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјите мора да набават што побрзо и што повеќе вакцини, без оглед дали доаѓаат од Исток или од Запад.

Во интервју за германскиот портал „Фокус онлајн“ по повод одлуката на Унгарија да ја купи руската вакцина „спутник В“, тој рече дека во пандемија, задача на политичарите е да преземат одговорност и да ги заштитат здравјето и животот на граѓаните.

„Затоа што оние што купуваат време можат да спасат животи и да си ја повратат слободата“, рече тој.

Тој истакна дека нема источни или западни вакцини, туку само добри или лоши, пренесува МТИ.

Орбан рече дека набавката на вакцини и напнатите односи меѓу ЕУ и Русија може да се сметаат за одделни прашања.

Тој истакна дека човечкиот живот и заштитата се над политичките размислувања.Орбан додаде дека е неодговорно да се политизира набавката на вакцини и да им се дозволи на луѓето да умрат и да се ограничи нивната слобода само затоа што некој има забелешки на земјата во која се произведува вакцината.

Во врска со централизираната програма за набавка на вакцини во ЕУ, Орбан рече дека е јасно дека станува збор за погрешна одлука.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија