Утрински Весник
Свет

Орбан им предлага на лидерите на ЕУ да ги прифатат сите вакцини

Орбан им предлага на лидерите на ЕУ да ги прифатат сите вакцини

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Португалија, тој ќе предложи блокот да ги прифати сите вакцини што се покажаа безбедни и ефикасни и да ги искористи за забрзување на вакцинацијата низ целиот континент.

Унгарија е единствената земја на ЕУ што одобрила и применувала руски и кинески вакцини во големи количини, без Европската агенција за лекови да ги разгледа или одобри, наведува „Ројтерс“.

Тоа ѝ овозможи на Унгарија да достигне една од највисоките стапки на вакцинација во ЕУ.

Можете да прочитате

Денеска се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен