Утрински Весник
Македонија

Општинскиот кризен штаб во М.Каменица со нови мерки и препораки пред продолжениот полициски час

Општина Македонска Каменица со организиран дочек на Новата година

Македонска Каменица, 23 мај 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица е продолжена забраната за спортски активности и тренажни процеси, за спортските клубови и здруженија, како и нивно присуство во спортски објекти и спортски игралишта. Одлуката ја донесе Општинскиот кризен штаб кој синоќа повторно заседаваше по претходно одржаната седница на Владата на која беа донесени дополнителни мерки и активности за заштита и превенција од ширење на вирусот Ковид-19 пред неделниот повеќе часовен полициски час.
Како што информираа од Општинскиот кризен штаб, донесена е одлука за продолжување на важноста на дозволите за движење за време на полициски час на лицата кои прехрануваат добиток и домашни миленици.
-Со одлуката се опфатени и нерегистрираните земјоделци, лица кои вршат нега на други лица и граѓани со други еднодневни потреби за движење. За нив, остануваат претходно утврдените временски интервали во кои е дозволено нивно движење (во недела 24 мај 2020 година од 17 до 19 часот и во понеделник 25 мај 2020 година од 08:00 до 10:00 часот, како и од 17:00 до 19:00 часот. Паралелно ќе се продолжи со интензивно перење и дезинфицирање на градските улици, заедничките простории во станбените објекти и јавни површини во Македонска Каменица од страна на Јавното претпријатие „Камена Река“ и Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, информираа од кризниот штаб.
На сите јавни објекти, маркети и аптеки Кризниот штаб во наредниот период им наложува строго регулирање на фреквенцијата на клиенти, со почитување на препораките за меѓусебно растојание, носење на заштитна опрема на вработените и клиентите, како и строго почитување на одредбите за контролиран влез, излез и престој на одреден број лица според големината на објектот.
-За таа цел, од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе биде формирана и дополнителна Редарска служба која има задача да им укажува и сугерира на сите поединци и правни субјекти, кои не се придржуваат кон одредбите и мерките донесени за заштита на личното и јавното здравје на граѓаните на општина Македонска Каменица, додадоа од Кризниот штаб.
Продолжува да важи и забраната за присуство и користење на забавните детски паркови, повеќенаменски спортски игралишта, спортски објекти и помошни игралишта, поради што ќе бидат засилени контролите од Полицијата и редарските служби на наведените јавни простори и објекти. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?