Утрински Весник
Македонија

Општините Кисела Вода и Струмица со поддршка за унапредување на родовата еднаквост

Општините Кисела Вода и Струмица со поддршка за унапредување на родовата еднаквост

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Да не се дозволува нееднаквост и дискриминација во секојдневното работење на општините, беше клучната порака на претставниците на општините Кисела Вода и Струмица кои денеска се сретнаа и дискутираа за унапредување на родовата еднаквост, во рамки на проектот на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (ОН Жени) – „Промоција на родовo одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување“.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот Александар Алексовски во просториите на Општина Струмица остварија средба со струмичкиот градоначалник, Коста Јаневски и се информираа за економското засилување на жените во нивната општина.

Јаневски ги информирал претставниците од Општина Кисела Вода и за спречување на родово базирано насилство, за родовото одговорно буџетирање, како и за повеќе теми поврзани со родовата еднаквост.

На средбата градоначалникот Јаневски нагласил дека Струмица во секојдневното работење, но и при реализација на општинските проекти, секогаш им дава еднакви можности на сите без никаква дискриминација.

Општина Кисела Вода, како што наведува во соопштение, нема да дозволува нееднаквост и дискриминација на ниедна основа. Општината ќе продолжи да работи во насока на промовирање на родовата еднаквост и рушење на предрасудите.

Струмица е прва општина во земјава која ја изготви првата локална стратегија за родова еднаквост во рамките на проектот на ОН Жени – „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце