Утрински Весник
Македонија

Општина Чашка ја расчистува вегетацијата покрај локалната и регионална патна инфраструктура

Општина Чашка ја расчистува вегетацијата покрај локалната и регионална патна инфраструктура

Велес, 19 јуни 2020 (МИА)ЈПКД „Тополка“ во Општина Чашка со новото возило за чистење на вегетација што беше набавено мината година, започна со чистење на бујната пролетна вегетација покрај локалната и регионалната патна инфраструктура низ населените места во општина Чашка.

Како што потенцира градоначалникот Горан Стојановски, чистата и безбедна патна инфрастуктура е врвен приоритет на општина Чашка.

– Преку расчистување на вегетацијата покрај сите локални и регионални патни правци ние како Општина се грижиме за безбедноста на возачите кои сообраќаат на патиштата во Општина Чашка,потенцира Стојановски. ад/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започна 31. Конгрес на СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува новo движење по моделот на Вучиќ

ВРЕДИ: Фазлиу ги модернизира Матичните Книги, основните документи сега се преземаат онлајн