Велес, 17 април 2020 (МИА) – Општина Чашка за изминативе три дена достави до нивните домови и им подели 20 пакети со храна на социјално ранливи категории на граѓани и семејства во селата Богомила, Чашка, Бањица, Мелница, Горно и Долно Јаболчиште. Пакетите се обезбедени во соработка со Општинскиот Кризен штаб на Велес.
Како што информира за МИА, Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка, а кој исто така е вклучен во делење на пакетите на терен во наредната недела треба да се поделат уште 20 хуманитарни пакети и за жителите од останатите села од Општина Чашка.
– Пакетите ги делиме на оние на кои се од социјално најранливите категории на граѓани. Апелирам до фирмите и граѓаните кои се во можност во овие тешки денови на криза да се вклучат и да донираат хуманитарна помош..Да си помагаме еден на друг, да ја покажеме хуманост и солидарноста на дело, порачува Стојановски. ад/аа/