Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово: Одлуката на МОН е одмазднички политички чин

Општина Тетово реагира на последната одлука на Министерството за образование, каде што начинот на објавување на оваа одлука, кој општина Тетово, како што велат од таму, го доби преку новинарите, ја покажува сериозноста и тежината на оваа корумпирана власт, поточно Министерството за образование и наука, кое не наоѓа официјален начин за комуникација иако оваа општина е најголемата албанска општина во РСМ.

dobivaj vesti na viber

„Oдлуката за разрешување на поранешната директорка на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ„ е донесена врз основа на предлог на средношколскиот совет каде што законот за средно образование ме обврзува да постапам по предлог од училишниот совет во рок од 15 дена, кои врз основа на општинскиот ревизорски извештај од кој се констатирани низа прекршоци и финансиски злоупотреби со кои беше оштетен буџетот на училиштето. Оваа одлука не може да се пресмета поинаку освен продолжување на одмазднички политики чин кон граѓаните на Тетово, само затоа што оваа општина не е управувана од актуелна централна власт“, се посочува во реакцијата од општина Тетово.

„За уште поголема иронија, сведоци сме каде пред само неколку дена, имавме можност да ги погледнеме видео снимките како брат на градоначалник, влегува и бесрамно ја краде документацијата од училишното досие да се сокријат направените злоупотреби, а МОН немаше никаква реакција во врска со ова, туку ги бранеше злоупотребите и криминалот. Го прашуваме министерот дали е свесен за овие постапки или само му ги испраќаат писмата да ги потпише и да прифати наредби од неговиот шеф А.Г., кој очигледно е подготвен на се, само да им се одмазди на граѓаните на Тетово за поразот на локалните избори“, потенцираат од општината.

За предметниот случај, општина Тетово ќе ги информира сите дипломатски претставништва на пријателските земји, пред се Вашингтон и Брисел, додаваат од таму.

Можете да прочитате

Огромен пожар кај Катланово – 24info.mk

Во гаснењето на пожарите вклучени над 150 армиски припадници

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни