Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово: Воздухот не е ризик за учениците и граѓаните, наставата продолжува од утре

Општина Тетово ја информира јавноста и раководните лица на образовните институции во градот дека образовниот процес во Тетово, кој денеска беше во прекин поради состојбата создадена по пожарот во фабрички магацин, утре ќе продолжи нормално.

„Оваа одлука доаѓа по направените анализи и резултати кои се добиени од станицата за мерење на квалитетот на воздухот и врз основа на ова констатирано е дека нема ризик за учениците и граѓаните. Така, образовниот процес во основните и средните училишта во градот, како и во јавната установа ‘Градинки младост’ се враќа во нормала“, се наведува во соопштението.

Во него се апелира до сите вработени во образовните институции утре да продолжат нормално со наставата бидејќи до крајот на учебната година остануваат уште десетина дена.

Можете да прочитате

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах

Ристоска: Размислувам да не се кандидирам повторно за судија во Стразбур

Дневно околу 25.000 лица влегуваат во Грција преку граничниот премин Богородица/Евзони