Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица ќе ги решава само итните и неодложни барања

Општина Струмица ќе ги решава само итните и неодложни барања

Струмица, 12 март 2020 (МИА) – Општина Струмица ќе ги решава само итните и неодложни барања на граѓаните, кои имаат потреба од документи, достава на барања, решенија за платен данок и други списи кои ги издава општинската администрација, соопшти денес градоначалникот Коста Јаневски.

Оваа мерка е согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, а по предлог од Министерството за здравство кои се однесуваат за превентива и заштита од вирусот Ковид 19.

Во соопштението од градоначалникот се препорачува на граѓаните, за секој проблем кој го имаат, а за кој е надлежна општина Струмица, да ги користат контактите по електронски пат и тоа преку веб страницата на Општина Струмица- www.strumica.gov.mk. На страницата се објавени телефонски броеви на сите служби, како и електронска пошта, со цел побрза комуникација, а во исто време и почитување на препораките од страна на Владата.рт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада

Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите