Утрински Весник
Македонија

Општина М.Каменица формира мобилни тимови за помош на стари и изнемоштени лица

Општина М.Каменица формира мобилни тимови за помош на стари и изнемоштени лица

Македонска Каменица, 15 март 2020 (МИА) – Општина Македонска Каменица во соработка со Здружението на граѓани „Глас на еднаквоста“ формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност и превенција од корона вирусот Ковид-19.

Поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот општина Македонска Каменица формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Ковид-19.
Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви: 078 651 089, 071 377 841, 078 416 528, 078 218 706 информираат од општината.
Сите нарачки како што додаваат ќе го врши тимот на здружението на граѓани „Глас на еднаквоста“.
-После јавувањето доаѓа лице од мобилниот тим од општина Македонска Каменица и Здружението на граѓани „Глас на еднаквоста“ – Македонска Каменица во домот на нарачателот и ќе ја прими нарачката со соодветни средства за купување на истата, додаваат од општината.
Нема да дозволиме оваа вонредна околност да ги погоди најранливите. Македонска Каменица се грижи за возрасните. Јавното здравје е заедничка одговорност, дополнија на крај од соопштението надлежните од Општина Македонска Каменица.вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег