Утрински Весник
Македонија

Општина Куманово: Да се почитуваат препораките на надлежните за превенција од коронавирусот

Општина Куманово: Да се почитуваат препораките на надлежните за превенција од коронавирусот

Куманово, 11 март 2020 (МИА)Во Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во однос на преземање на активности и мерки за превенција од ширење на корона вирусот. Од Штабот повикаа во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од седницата на Владата, одржана на 10 март, како и сите понатамошни донесени препораки.

– Се дава препорака јавниот градски превоз да се редуцира и да биде идентичен со возниот ред, кој важи за време на зимскиот односно летниот распуст. Во наредниот период за време на отсуство на децата од училиштата и градинките ќе се направат напори да биде извршена дезинфекција на просториите во основни и средни училишта, како и градинките, се наведува во соопштението на Општина Куманово.

Од Општината апелираат да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болеси при Министерството за здравство и Владата, а доколку се појават симптоми телефон за контакт е ЦЈЗ Куманово 070215851, како и на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство.

На состанокот присуствувале претставниците на Општинскиот штаб за заштита и спасување, од институции и јавни претпријатија. Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира. ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Хеликоптер на МВР се вклули во гаснењето на пожарот кај Блаце

Министерството за здравство бара од медиумите да не пишуваат и да не земаат изјави од повредените од Кочани кои се рехабилитираат