Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода обезбеди дезинфекциски средства за влезовите на зградите

Општина Кисела Вода обезбеди дезинфекциски средства за влезовите на зградите

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода со поддршка од бизнис заедницата од овој дел на Скопје обезбеди дезинфекциски средства и држачи за влезовите на колективните станбени згради.

Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани заедници на станари и управители на станбените згради, да се пријават на телефонскиот број 072 313-331 (сабота од 8 до 15 часот, а од понеделник од 8:30 до 16:30 часот) или на електронската адреса contact@kiselavoda.gov.mk, каде што треба да остават точна адреса – улица и број, како и телефон за контакт, по што од понеделник, Општина Кисела Вода ќе пристапи кон нивно монтирање.

– Потсетуваме дека, за колективни станбени згради се сметаат зградите со минимум осум станбени единици. Овие мерки што ги презема Општина Кисела Вода се дел од Владините препораки во насока на превенција и заштита од вирусот Ковид-19, се наведува во соопштението. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наместо во затвор – дома со електронска алка

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“