Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемијата, при уписот на првооделенците во основните училишта во Општина Кисела Вода, кој почнува на 1 јуни, Општината денеска ги објави телефонските броеви на училиштата, на кои родителите треба задолжително да закажат прием.
– Потребно е родителите задолжително да закажуваат прием во основните училишта на следните телефонски броеви: ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ – психолог; Злата Анчевска 078 248 628, дефектолог Маја Бањанска, 078 416 017 и одделенски наставник Светлана Симоновска 078 447 399; ООУ „Партенија Зографски“ – одговорно лице Елена Петрушевска, педагог, 078 200 271; ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – тел 078 344 993 Калина Спироска педагог; тел. О2 2776 230; ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – oдговорно лице е педагогот на училиштето Жаклина Стојановска тел. за контакт 075 246 465; ООУ „Круме Кепески“ – Павлина Трипуновска- Директор, тел: 078/356-120 и Сашка Донева- секретар, тел: 078/356-124; ООУ „Рајко Жинзифов“ – централно: педагог Весна Рафеска тел: 070 344-279 подрачно:психолог Јасмина Пакашки тел 075 288 261, соопшти Општина Кисела Вода.
Во основното училиште „Кузман Шапкарев“ рпосителите треба да се јават на педагогот Марта Стојановска – тел. 075/373-093, а во училиштето „Св.Климент Охридски“ одговорно лице е Елена Петрушевска, педагог, тел. 078 200 271.
Општина Кисела Вода известува дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година.
Уписот ќе се врши од 1 до 30 јуни 2020 година во општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, со целосно почитување на реонизацијата и местото на живеење на децата.
– Родителите се должни при уписот, да ја достават следната документација: извод од матична книга на родени за детето; потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа и потврда за извршен стоматолошки преглед, издадена од матичен стоматолог, соопштина општинските власти. бт/сп/