Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода врши дезинфекција на повеќе локации

Општина Кисела Вода врши дезинфекција на повеќе локации

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода врши дезинфекција на сите улици, јавни површини, на урбаната опрема, детските игралишта, пред поголемите маркети каде има поголема фреквенција на движење, на автобуските постојки…
Мобилни тимови организирани од Општината вршат прскање за дезинфекција со цел превенција и заштита на здравјето на луѓето од коронавирусот. Се работи во сите месни и урбани заедници, опфатени се и просториите на Општината.
Од Општина Кисела Вода потсетуваат дека претходно, во соработка со Центарот за јавно здравје, се спроведе и голема акција за дезинфекција во сите градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на оваа локална самоуправа.
Во рамки на работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот,  Општина Кисела Вода заедно со Град Скопје, тимовите на Црвениот крст и хуманитарната организација „Св. Спас“, организираа можност за бесплатна сервисна помош за лицата со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица и сите останати жители со одредени хронични болести. Тие секојдневно за своите потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, во временскиот период од 8:30 до 12:30 часот, можат да ги контактираат тимовите кои имаат задача бесплатно да им помагаат.
Доставата е бесплатна, а за набавката граѓаните треба да издвојат финансиски средства.
За повикување на мобилните тимови на цела територија на Општина Кисела Вода, граѓаните можат да се јават на следните телефонски броеви: Црвен крст Кисела Вода:  070/379-456  и 02/3211-417.

 

Општина Кисела Вода соопшти дека веќе е во контакт со Советот на стопанственици од овој дел на Скопје и апелира до нив да ја покажат својата општествена одговорност и да излезат во пресрет на граѓаните согласно своите можности.

-Апелираме и до сите граѓани да ги почитуваат препораките дадени од Владата и Министерството за здравство за правилна домашна изолација и одговорно однесување, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

СДСМ утре ќе објави нов скандал за Тошковски

Полиција спасила двајца македонски туристи кои останале блокирани во заливот Филикури кај Химара