Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош со нова акција за дезинфекција на зградите

Општина Карпош со нова акција за дезинфекција на зградите

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Општина Карпош продолжува со дезинфекција на сите згради во повеќе од осум домаќинства, откако минатата недела се спроведе првата акција за дезинфекција на повеќе од 1.000 влезови на територија на општината.

Како што соопштија денеска општинските власти, комуналните служби ги дезинфицираат влезните врати и делови од згради, гелендерот и сандачињата, а се користи посебно средство за дезинфекција на јавни површини.

Од општината посочуваат дека фокусот е ставен на дезинфекција на деловите кои граѓаните почесто ги допираат со рака, со цел да се спречи ширење на коронавирусот, и ги повикуваат сите заедници на сопственици и куќни совети да продолжат со секојдневното одржување на хигиената во влезот.

-По консултации со Центарот за јавно здравје, улога на дезинфекција вршат и хигиенските средства со кои се одржува чистота во нормални услови – сјај, варакина и сл. Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирус. Сите сме одговорни за јавното здравје, се наведува во соопштението на Општина Карпош.бт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал