Утрински Весник
Македонија

Општина Зрновци ја заврши реконструкцијата на Домот на културата во селото Видовиште

Општина Зрновци ја заврши реконструкцијата на Домот на културата во селото Видовиште

Кочани, 11 април 2019 (МИА) – Локалната самоуправа на Зрновци ја заврши реконструкцијата на Домот на културата во селото Видовиште, за што инвестираше над 6,2 милиони денари.

Средствата беа обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а со инвестицијата објектот доби надворешна термоизолациска фасада и нова ПВЦ столарија, а дотраениот покрив од ќерамиди е заменет со лимен. Исто така, реновирани се санитарните јазли и обновен е подот во внатрешните простории.

-Реконструкцијата на културниот дом, што е изграден пред повеќе од 70 години, е втор поголем градежен зафат по неговото делумно реновирање во осумдесеттите години од минатиот век. Со тоа успеавме да го заштитиме од пропаѓање и да го вратиме во функција не само за жителите на Видовиште, туку и за сите граѓани од нашата општина. Добивме корисна површина од околу илјада квадратни метри, што заедно со изградениот парк и црквата во непосредна близина, претставува прекрасно урбано катче во ова населено место, истакна грдоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Во рамки на адаптацијата и санацијата, целосно е промената електричната инсталација, а поставена е и громобранска и противпожарна заштита, така што објектот ги исполнува сите услови за одржување културни и други настани.

Во рамки на подобрувањето на комуналната инфраструктура во селото, кое е лоцирано на падините на Плачковица и има чиста животна средина, градоначалникот Станков најави дека во иднина се планира и изградба на мал старечки дом. та/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор