Утрински Весник
Македонија

Општина Градско ќе го реконструира локалниот пат до Долно Чичево

Почнува реконструкцијата на патот Бутел – Раштак

Велес 4 март 2020 (МИА) – Општина Градско почна со подготвителни активности, а следниот понеделник ако дозволат временските услови, ќе стратува и со реконструкција на локалниот пат од село Долно Чичево спрема Градско во должина од 1.800 метри.

Со реконструкцијата, локалниот пат од сегашните 3,5 метри ќе се прошири на 4,5 метри, а вклучувајќи ги и банкините, ќе биде 5,5 метри.

Проектот е вреден 17 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој. Општината треба да плати 18 проценти данок на додадена вредност. Изведувач на работите е А.Д. „Бетон“ од Скопје.

Градоначалникот Роберт Бешовски за МИА вели дека врз старата дотраена асфалтна лента, ќе се стави нов слој асфалт од 12 сантиметри што ќе може да ги издржи и тешките товарни возила. Во зависност од временските услови, се очекува градежните работи да завршат за околу два месеца.

-Со изградбата на овој пат ќе се овозможи подобра сообраќајна комуникација меѓу двете населени места и жителите од соседните села. Воедно ќе се придонесе и за непречено и безбедно минување на тешка механизација на фирмите кои имаат и свои стопански субјекти во овој регион во Општина Градско, потенцира Бешовски. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче