Утрински Весник
Македонија

Општина Гостивар ќе работи со скратено работно време

Општина Гостивар ќе работи со скратено работно време

Гостивар, 17 март 2020 (МИА) –  Администрацијата на Општина Гостивар, од денска па до 24 март, ќе работи со скратено работно време. Од локалната самоуправа истакнаа дека тоа е во согласност со препораките на Владата на РСМ.

– Според препораките, должни сме да ги намалиме движењата при одвивање на работниот процес. Поради таа причина од денеска 17 март 2020 до 24 март 2020, администрацијата на Општина Гостивар ќе работи со скратено работно време, и тоа од 08:00-13:00 часот со полн капацитет, а од 13:00-16:00 часот ќе има само дежурен во Информативниот центар, соопштија од Општина Гостивар.

Од таму упатуваат апел до граѓаните да го почитуваат скратеното работно време, односно да не излегуваат надвор без потреба, а општинската администрација да ја посетуваат само за предмети кои се итни и неодложни предмети.згм/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација