Утрински Весник
Македонија

Општина Гостивар: Продажбата на курбани е дозволена само кај Сточниот пазар

Општина Гостивар: Продажбата на курбани е дозволена само кај Сточниот пазар

Со цел да се зачува чистотата и да се стави ред во продажба на курбани, Општина Гостивар како локација за продажба на бајрамските курбани, како локација го определи Сточниот пазар во населба Фазанерија.

„Се известуваат сточарите дека наведената локација може да се користи без надоместок и дека продажбата на курбани вон назначената локација, е строго забранета“, сооптшина од Општината.

Од таму додаваат дека комуналниот инспекторат ќе биде активен на терен и ќе преземе соодветни мерки против прекршителите на законот за јавна чистота.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден час се чека за влез во Грција преку „Богородица“

Три нови случаи на западнонилска треска – прв случај регистриран и во Арачиново

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден