Утрински Весник
Македонија

Општина Гостивар заинтересирана за зголемување на фискалната ефикасност со финансирање  проекти преку УСАИД

Општина Гостивар заинтересирана за зголемување на фискалната ефикасност со финансирање  проекти преку УСАИД

Гостивар, 26 февруари 2020 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа пројавува интерес за зголемување на фискалната ефикасност финансирање на проекти преку фондовите на УСАИД. Ова било разговарано на последната средба помеѓу  градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и извршниот директор на за јавни финансии на УСАИД во Македонија, Џон Јеитс.

На средбата, општинското раковдство претставиле дел активностите и предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар во областа на наплатата на даноците на општината, извршувањето на буџетот и имплементирањање на проектите.

– Откако дојдов на функцијата, како општина забележуваме пораст од 15 отсто на општинските даноци, извршувањето на буџетот во однос на планираното достигнува околу 95 отсто, а сме спровеле и бројни капитални проекти главно од сопствени средства, но и како донации од меѓународни организации и од пријателски земји на нашата држава, истакна градоначалникот Таравари.

Тој ја нагласил потребата од соодветна фискална децентрализација со што ќе се зголемат можностите на единиците на локалната самоуправа за поголема ефикасност во планирањето на буџетот и капиталните инвестиции, особено со оглед на тоа што општините се институции кои најдобро се запознати со реалните потреби на нејзините граѓани.

Директорот Џон Јејтс на средбата ја истакнал можната соработка за заедничко аплицирање на јавниот повик на УСАИД и за четирите компоненти на техничка помош преку овој повик во износ од 5 до 7 милиони американски долари.

Притоа Јејтс стави акцент на зголемување на нивото на наплатата на општинските даноци, подобрувањево на планирање на проекти, зголемување на општинскиот буџет и потребата за фискална децентрализација. згм/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ имаме четири членови од албанска националност

Го нашле на Клиника: Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години