Утрински Весник
Македонија

Општина Гевгелија ќе работи со скратено работно време

Општина Гевгелија ќе работи со скратено работно време

Гевгелија,18 март 2020 (МИА) – Администрацијата и сите надлежни служби на Општина Гевгелија од денеска работат по скратено работно време, од 9 до 14 часот поради заштита на здравјето на граѓаните и вработените.

Како што соопшти службата за информирање, сите потребни информации и услуги, граѓаните ќе ги добиваат непречено и понатаму, но по електронски пат на истакнатите е-маил адреси на надлежните служби, како и на дежурните телефонски броеви во Гевгелија и месните канцеларии во Миравци, Негорци, Прдејци и Богородица.

Со соопштение денеска се огласи и ЈПКД „Комуналец“ кој ги извести потрошувачите и пазарџиите дека за утрешниот пазарен ден Градскиот пазар во Гевгелија нема да работи во функција на заштита на продавачите и купувачите од коронавирусот. им/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани