Утрински Весник
Македонија

Општина Велес со превентивно дезинфицирање на велешките улици

Општина Велес со превентивно дезинфицирање на велешките улици

Велес, 16 март 2020 (МИА) – Од Општина Велес информираат дека во текот на вчерашниот ден Јавното комунално претпријатие „Дервен” изврши вонредно миење, односно дезинфицирање на дел од улиците во Велес, со цел преземање превентивни мерки за заштита од ширење на корона вирусот и обезбедување почисти улици и населби.

Како што појаснуваат од Општина Велес, миењето е извршено со средство за дезинфицирање на улиците во централното градско подрачје, во ниските зони на градот: на пристапот до ЈЗУ Општа болница Велес, на пристапот до населба Којник, пристапот до железничката станица, меѓуградската автобуска станица и индустрискиот дел на градот.

Оттаму додаваат, дека Општината продолжува со внимателно следење на ситуацијата со коронавирусот на локално ниво, за што се преземаат и дополнителни мерки, а активностите продолжуваат со дезинфекција на контејнерите и расчистување на простори со отпад од непознат сторител (диви депонии).

Исто така, од денеска започнува и  редовното миење на улиците во општината согласно Програмата за јавна чистота за 2020 година.

Во саботата екипи на Одделението Пазар  ЈКП „Дервен“ го дезинфицира просторот и тезгите на отворениот Градски пазар во Велес. ад/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег