Утрински Весник
Македонија

Општина Велес со општинскиот Црвениот крст изминатата недела подели 84 пакети помош

Советот на Општина Велес донесе одлука за давање на управување на водоснабдителен систем во село Иванковци на ЈКП „Дервен“

Велес, 29 мај 2020 (МИА) – Во изминатата недела во Велес преку општинскиот Црвен крст биле поделени 84 пакети од кои 49 со хигиенски средства и 35 со прехранбени производи. Како што информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски утре се очекува да пристигнат 198 од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД во соработка со републичкиот Црвен крст, како и десет други пакети кои ќе бидат распоредени на семејства во социјален ризик.

– Нашата проценка е дека добро се справуваме со поделбата на пакетите и нема некое незадоволство, да не сме му помогнале на некое семејство на кое му е неопходна нашата помош во прехранбени и друг вид на производи, појасни Коцевски.

Тој информира дека во изминатата недела од страна на граѓаните биле намалени ангажирањата на активистите на Општинскиот Црвен крст. Само едно лице побарало помош за набавка на храна и лекови, мобилниот доктор извршил еден преглед, а имало пет барања за психо-социјална подршка. Исто така бил доставен еден пакет со лекови во Државниот карантин и биле направени две достави на терапија од Онколошката клиника од Скопје на заболени пациенти во Велес. Воедно бил направен еден спровод на заразн од граничниот премин Деве Баир до Битола.

Градоначалникот Коцевски, информира дека на денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување било истакнато дека е одлична соработката помеѓу општинскиот Црвен крст и Центарот со социјални работи, затоа што меѓусебе одлично комуницираат и се дополнуваат во спроведувањето на активностите. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег