Утрински Весник
Македонија

Општина Берово ќе добие специјални возила за транспорт на смет

Општина Берово ќе добие специјални возила за транспорт на смет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Берово, 28 февруари 2020 (МИА) – Општина Берово ќе добие контејнери и по два специјални камиони за транспорт на смет, кои се дел од Европскиот проект за изградба на регионална депонија.

Возилата, како што информираат од Општината, се современи и по сите еколошки стандарди, а истите ќе обезбедат брз и сигурен транспорт на сметот, со што ќе се олесни целокупната процедура на управување со отпадот.

– До средината на јуни би требало да завршат тендерските постапки и општините да ги добијат камионите и контејнерите. Зголемувањето на возниот парк е дел од постапката за подготовка на општините, за заедничко управување со отпадот, преку изградба на регионална депонија, информираа од Општината.

Со новата опрема, Општината ќе добие соодветни средства за безбедно складирање и транспорт на отпадот, прво до претоварната станица, а потоа и до депонијата.

– Локацијата на депонијата останува во близина на светиниколското село Мечкуевци. Според предвидената динамика, до крајот на годинава треба да завршат тендерските постапки, а веќе од следната година ќе започне и изградбата на регионалната депонија, додадоа од Општината.

Проектот е вреден 40 милиони евра и е целосна донација од Европската Унија. вс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Разбиено злосторничко здружување во ЕСМ – Договори местени за 7,6 милиони евра

Нов модел на специјализации, темелно се менува пристапот за креирање медицински кадар

Николоски и Мисајловски на работна посета во Република Унгарија