Утрински Весник
Спорт

Оптимистот Азар – Моето тело е во ред, ќе играм уште пет години

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Еден Азар, летото во 2019 година го направи трансферот на кариерата. Синиот дрес на Челси го смени со белиот на Реал Мадрид. Иако беше влезе во последната година од договорот со Челси, „кралскиот клуб“, реши да инвестира 100.000.000 евра во неговиот трансфер. Во Мадрид, сметаа дека Белгиецот ќе биде достојна замена за Кристијано Роналдо.

Година и пол по трансферот, Азар мака мачи со повредите, оваа сезона во Ла Лига, настапил само осум пати за Реал. Шпанските медуми, притиската, со приказните дека Реал „во ветер“ фрлиле големи пари.

Повредите и пишувањата во медиумите го немаат обесхрабрено, верува дека ќе го покаже квалитетот и дека уште пет сезони може да игра на врвно ниво.

„Не знам што ќе се случи за неколку години, јас секогаш сум насочен кон следниот натпревар и следниот тренинг. Наполнив 30 години, моето тело е во ред. Се надевам дека ќе играм уште пет до шест години“, рекол Азар.

Еден Азар, минатата недела, повторно се повреди, поради што најмалку еден месец ќе биде надвор од тимот.

> Оптимистот Азар – Моето тело е во ред, ќе играм уште пет години <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига