Утрински Весник
Свет

Опозицијата во Велика Британија бара воведување вонредна состојба поради коронавирусот, Џонсон се двоуми

Опозицијата во Велика Британија бара воведување вонредна состојба поради коронавирусот, Џонсон се двоуми

Британскиот премиер Борис Џонсон сè уште нема намера да прогласи вонредна состојба во Англија.

Лидерите на опозицијата бараат да се воведе мерката за да се спречи циркулацијата на коронавирусот.

„Не верувам дека премиерот сака вонредна состојба во целата земја, но како и порано, тој ќе ја донесе одлуката по консултации со научната заедница“, изјави министерката за труд и социјална помош Тереза ​​Кофи за „Скај њуз“, објави „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа