Утрински Весник
Македонија

Опозицијата бара да се осуди одлуката за нова кандидатура на градоначалникот на Лозово

Опозицијата бара да се осуди одлуката за нова кандидатура на градоначалникот на Лозово
Dik 300x250 mk

Кандидатот на СДСМ за Лозово, Ацо Велковски, малтретираше бремена жена која го загуби бебето од стрес, ги повикуваме сите општествени чинители да ја осудат одлуката на Заев, порача на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

„Велковски вршеше повеќемесечен мобинг и малтретираше жена која претходно 14 години била вработена во општината, но како резултат на бруталната тортура, истата доживеа спонтан абортус на нејзиното 7-месечно бебе, а потоа беше избркана од работа. Сторијата на Виолета Колева е тажната реалност која ја живееме со СДСМ и тажната реалност со која се соочуваат многу жени со оваа власт“, рече Панова.

Таа нагласи дека со самото тоа што Заев го предлага Ацо Велковски како кандидат за градоначалник за Лозово го одобрува мобингот врз Виолета, а истовремено остава можност и за малтретирање и мобинг во иднина.

Панова додаде дека никаде, а најмалку во политиката не смее да има место за насилници и луѓе што малтретираат и вршат мобинг врз жени. Таа го повика Клубот на пратенички во Собранието да реагира и да ја осуди одлуката на Заев и СДСМ за кандидирањето на Ацо Велковски.

Истовремено ги повикува Хелсиншкиот комитет, Маргини, но и други невладини организации кои се занимаваат со заштита на човекови права да го осудат овој чин и да побараат одговорност.

Панова побара реакција и од Народниот правобранител, но и од сите институции кои до сега молчат во однос на овој случај.

 

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница