Утрински Весник
Свет

Опозициска организација је прекинува работата во Русија, стравуваат од апсења и прогон

Опозициска организација је прекинува работата во Русија, стравуваат од апсења и прогон

Отворена Русија, опозициска група поврзана со поранешниот нафтен магнат и критичар на Кремљ во егизл, Михаил Ходорковски, денеска објави дека ги прекинува активностите во Русија за да ги заштити своите членови и да спречи нивно апсење.

Критичарите тврдат дека руските власти ги потиснуваат активистите против Кремљ пред парламентарните избори во септември. Отворена Русија објасни дека нејзината одлука се заснова на нацрт-законот со кој му се заканува затвор на секој што соработува со „непожелни“ групи.

„Го правиме ова за да избегнеме казнен прогон“, рече Андреј Пивоваров, извршен директор на Отворена Русија.

„Не ни требаат нови кривични случаи против нашите приврзаници“, додава тој.

Русија ја прогласи Отворена Русија, со седиште во Лондон, за непожелна во 2017 година, забранувајќи го нејзиното делување. Нејзините сојузници во Русија продолжија со активизмот под истото име, но како посебно правно лице за да се заштитат од гонење.

Групата Отворена Русија, која го обвинува Кремљ дека го користи законот за чистење на политичката арена од вистинските политички противници, е една од 30-те организации што Москва ги прогласи за непожелни и забранети со закон од 2015 година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на обвинувањата и рече дека руската политика е богата и комплексна.

„Заминувањето (на политичка група) не значи чистење на политичката арена”, рече Песков пред новинарите.

Претходно во мај, долниот дом на рускиот парламент усвои нацрт-закон со кој ќе се зголеми кривичната одговорност за сите што соработуваат со такви организации, без оглед дали се во Русија или во странство.

Нацртот предвидува казна затвор до четири години во таков случај. Законот треба да помине низ уште две читања, да добие зелено светло од горниот дом и да биде потпишан од претседателот Владимир Путин пред официјално да стапи на сила.

Русија веќе уапси активисти поврзани со Отворена Русија. Во февруари, рускиот суд осуди активистка против Кремљ на условна казна затвор од четири години, откако беше осудена за дејствување во име на Отворена Русија.

Можете да прочитате

Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург

Трагедија во Германија: Автомобил влета во толпа на божиќен саем, најмалку 11 загинати