Утрински Весник
Свет

Опожарени полициски возила во Минхен пред самитот на Г7

Осум полициски возила изгореа во Минхен, неколку дена пред самитот на Г7 во Баварија.

Истрагата претпоставува дека пожарот е подметнат.

Интервентните полициски возила утрото биле паркирани пред хотелот во Минхен, каде што се сместени полицајците задолжени за обезбедување на врвот, изјавил за ДПА портпаролот на минхенската полиција.

Полицијата, набрзо откако се дознало за подметнувањето пожар, со хеликоптери тргнала во потрага по можните сторители, но засега безуспешно, изјави портпаролот. Се истражуваат и остатоците од целосно изгорените возила. Надлежните ја процениле штетата на шестцифрена бројка во евра. Во инцидентот нема повредени.

Ова не е прв инцидент поврзан со средбата во замокот Елмау, која започнува во недела и поради која веќе се воведени највисоките безбедносни мерки. Вчера се дозна дека некој се меша со кутиите за дистрибуција на електрична енергија во зоната на зголемена безбедност околу местото на самитот. Има и графити со натписи како „Одложете го Г7“ или „Не за Г7“. Полицијата се сомнева дека овие злосторства се политички мотивирани.

Самитот на Г7 е планиран од недела до вторник во веќе херметички затворениот замок Елмау во близина на Гармиш-Партенкирхен.

Таму ќе се сретнат шефовите на држави и влади на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Јапонија и Канада, предводени од германскиот канцелар Олаф Шолц.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море