Утрински Весник
Македонија

Опожарениот автобус кај Транспортен центар е на „Слобода превоз“, сообраќал на линија 45

Опожарениот автобус кај Транспортен центар е на „Слобода превоз“, сообраќал на линија 45
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Aвтобусот што изутрината се запали на терминалот Транспортен центар е приватен автобус, сопственост на „Слобода превоз“, кој сообраќал на линија 45, соопшти ЈСП Скопје.

На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а увид направи и екипа на МВР.

Нема повредени патници, ниту околни минувачи, причинета е само материјална штета на возилото.

Увид направи и Внатрешна контрола на ЈСП. Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот, тој се подготвувал да се вклучи на линија. Го запалил возилото, по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгаси огинот, но, тој за брзо време почнал да се шири.

Во меѓувреме на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира.

Според првичните сознанија, причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација на автобусот.зс/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче