Утрински Весник
Култура

Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во петок во МОБ

Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во петок во МОБ

Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 8 април 2022 со почеток во 20.00 часот.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценограф: Илина Ангеловска, костимограф: Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Марјан Јованоски, Дејан Стоев, Васко Здравков, балетските играчи: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.

Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Текстот Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во петок во МОБ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“