Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Опелка доби 10.000 долари казна од САД опен поради розевата торба

Опелка доби 10.000 долари казна од САД опен поради розевата торба
Img 7972

Американскиот тенисер Рејли Опелка влезе во војна со Американската тениска асоцијација (УСТА) откако доби казна од 10.000 долари од организаторите на САД опен поради „неодобрена“ торба за опрема.

УСТА утврди дека во четвртокот кога Опелка го победи Италијанецот Лоренцо Мусети на торбата имал преголемо лого кое ја надминало дозволената големина од четири квадратни инчи (околу 25 квадратни сантиметри). 22. носител на теренот излезе со розева торба со реклама за белгиска уметничка галерија.

„Мислам каква шега! 10 илјади за розева торба? Што е тоа. Судијата требаше да излезе да го мери логото. Знаев дека има ограничување, но торбата е направена во Европа и мерките можеби се помешале. Изгледа имаат проблеми со продажбата на билети, па ќе заработуваат на мене. Мојата работа е да победувам на мечеви и имам поголеми работи за кои сум загрижен од големината на логото“, вели Опелка.

> Опелка доби 10.000 долари казна од САД опен поради розевата торба <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент