Утрински Весник
Свет

Опаѓа бројот на новозаразени во Хрватска

Опаѓа бројот на новозаразени во Хрватска

Во Хрватска се потврдени 146 нови случаи на инфекција со коронавирус, а во моментов се активни 2.650 случаи на инфекција.

Во изминатите 24 часа починале две лица заболени од ковид-19, соопшти Штабот за цивилна заштита. Од вчера, Хрватска го објавува дневниот биланс во 10 часот, наместо во 14 часот.

Минатата недела, бројот на новозаразени лица во Хрватска беше далеку поголем, поради што многу европски земји ја ставија Хрватска на црвената листа на земји опасни за патување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај поради напад со дронови

Голем руски напад врз Украина со 300 дронови и 50 ракети

Унгарија најави дека утре ќе го блокира новиот пакет санкции на ЕУ кон Русија