Утрински Весник
Свет

ОН: Северна Кореја го подготвува својот прв нуклеарен тест од 2017 година

Dik 300x250 mk

Обединетите Нации предупредија дека Северна Кореја во моментов се подготвува за својата прва нуклеарна проба од 2017 година.

dobivaj vesti na viber

Изминатите месеци се забележани градежни работи на подземен тест на северот од земјата, јавуваат светските агенции.

„Работата на полигонот за нуклеарно тестирање Пунгје-ри го отвора патот за дополнителни нуклеарни тестови за развој на нуклеарно оружје“, се вели во доверливиот извештај на ОН, чии делови биле достапни на ДПА.

Сателитските снимки на локацијата сугерираат дека Северна Кореја ја поправала својата тунелска мрежа во Пунгје-ри, како и обнова на објектите на локацијата што беа урнати во 2018 година за време на преговорите со Соединетите Американски Држави, пренесува агенцијата.

Според написите, со месеци, набљудувачите се загрижени дека по бројните ракетни тестови на Пјонгјанг, првата нуклеарна проба на Северна Кореја по речиси пет години би можела да биде неизбежна.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ги истакнува активностите во Пунгје-ри од јуни, каде Северна Кореја извршила шест експлозии на нуклеарни проби во периодот од 2006 до 2017 година.

Владата во Пјонгјанг е под строги санкции поради нејзините програми за нуклеарно оружје и балистички ракети.

Можете да прочитате

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си – Трамп

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција